AXESS Acquisition of Key Competences for Economic and Social Sustainability

STEM Talent Girl (СТЕМ Талентирана Девојка)


CS_4_MK  

 Title
STEM Talent Girl (СТЕМ Талентирана Девојка)

 Keywords
Дигитални вештини за жени, Шпанска Дигитална награда

 Author
IWS

 Languages
English

 Description
Проектот STEM Talent Girl (СТЕМ талентирана девојка) развива иновативни едукативни програми со првокласни ментори правејќи ги науката и технологијата достапни за младите девојки, за поттикнување на нивните дигитални вештини, уште од најрана возраст.
Проектот STEM Talent Girl (СТЕМ Tалентирана девојка) има различни програми за развој на талент и охрабрување на STEM професии кај девојчињата во нивнита 3 и 4 година од средно училиште преку мастер-часови и “shadowing” сесии со ментори.
Проектот се состои од три наставни модули: БАРАЊЕ ТАЛЕНТ (За проактивно идентификување на талент), МАСТЕР КЛАС (За зголемување на знаење, развивање на вештини и стапување во контакт со релевантни жени од СТЕМ областа), SHADOWING СЕСИИ (За искуство на професионални профили во СТЕМ секторот со реални контексти, лично и во придружба на ментори).
Покрај тоа, студентите на програмата, исто така, учествуваат на настани организирани од telefónica open future_ во рамките на нивната програма за жени, што претставува одлична иницијтива за зголемување на можностите за вработување и создавање нови можности за работа за жените.
Проектот STEM Talent Girl ја освои наградата "Шпанска дигитална награда" во категоријата "Дигитални вештини за жени и девојчиња", чија церемонија се одржа на Првиот форум на Алијансата за развој на дигитален талент организиран од AMETIC во соработка со технолошките компании и бизнис училишта од највисоко ниво. Најдобри проекти во финалето во оваа категорија заедно со STEM Talent Girl беа Oracle4Girls, Girls in Tech и Inspira STEAM.
Жирито на овие награди посебно го ценеше влијанието на проектот STEM Talent Girl за едукација, инспирирање и зајакнување на следната генерација на жени лидери во науката и технологијата, како и неговата приспособливост што е можно благодарение на раководството на Одделот за семејство и Еднаквост на можностите на Хунта де Кастила и Леон.
"Дигитални вештини награди Шпанија 2018" ги идентификуваат, вреднуваат и препознаваат најдобрите проекти и искуства од областа на развојот на таленти за индустријата 4.0, дигитална трансформација, паметни градови, едукација 4.0 и обука за дигитални вештини.

The «Digital Skills Awards Spain 2018» identify, value and recognize the best projects and experiences in the field of the development of the enabling talent of the industry 4.0, digital transformation, smart cities, education 4.0 and digital skills training.


 Contents



 Bibliography






This project has been funded with support from the European Commission. This web site and its contents reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.